Утре дел од Лисиче ќе нема вода поради санирање на дефект
Во текот на утрешниот ден, дел од населбата Лисиче во Скопје ќе има прекинато водоснабдување поради санирање на дефект.
„Ве известуваме дека на ден 11.04.2018 год.поради санирање на уличен дефект од Ф-200 мм, на Бул.12-та Македонска Бригада бр.30 б во нас.Лисиче, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од нас.Лисиче од 09:00ч асот до санирање на дефектот“, соопштија од ЈП Водовод и канализација Скопје.
Слично
