Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре блокада во 15 градови

Утре блокада во 15 градови

Утре ќе има блокада во 15 града. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски најави блокда на Владата и МНР од 15 до 16,30 часот и протест во 15 градови во Македонија од 18 часот. 

„Меѓународната заедница треба да реагира кај бугарските политичари за билатералните спорови да ги тргнат на страна од преговорите на Македонија со Европската Унија“, изјави  Мицкоски на протестот пред Владата. 

Повторно побара оставка од премиерот Зоран Заев и одговор на прашањето за што преговарале македонските со бугарските дипломати изминатите денови. 

Вели дека доколку се потпише некаков анекс на постоечкиот договор со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ кога ќе ја преземе власта нема да го почитува. 

Слично

Поврзани вести