Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре без вода корисници од неколку улици во Центар

Утре без вода корисници од неколку улици во Центар

ЈП Водовод Скопје навремено ги известува жителите на улиците Аминта Трети, Орце Николов, Пиринска и Чедомир Миндеровиќ во Општина Центар, дека утре ќе се врши отстранување на дефект, поради што ќе има прекин на водоснабдувањето.

„Ве известуваме дека на ден 29.03.2018 г. поради дефект на затворач од Ф- 80 мм на ул.Аминта Трети раскрсница со Пиринска (Центар), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Аминта Трети, дел од Орце Николов, Пиринска и Чедомир Миндеровиќ од 09:00 часот до завршување“,соопштија од ЈП Водовод Скопје


Слично

Поврзани вести