Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утре без струја повеќе општини во Скопје

Утре без струја повеќе општини во Скопје

Повеќе скопски општини утре ќе останат без струја поради зафати што ќе ги вршат екипите на ЕВН.

Во периодот од 08.30 до 11.00 часот без струја ќе останат корисниците од ул. 23 Октомври бр.10 и бр.12. во општина Аеродром, а од 08.30 до 13.00 часот, и дел од корисниците од улиците Божин Николов и Фрањо Клуз од бр.4 до бр.16, ОУ Блаже Конески.

Во истиот период без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата Партение Зографски во општината Центар.

Од 08.30 до 14.30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците 191, Битпазарска, Дичо Петров, како и дел од корисниците од бул. Крсте Мисирков во општина Чаир.

Во периодот од 09.00 до 12.30 часот, и дел од корисниците од улицата 5 во село Зелениково нема да имаат електрична струја.

Без електрична енергија во периодот од 09.00 до 14.30 часот ќе бидат дел од корисниците од ул. 69 околу поранешен кафе бар Шкорпион, како и дел од корисниците од ул. 11, 13, 71 и 100. во општина Ѓорче Петров

Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, без струја остануваат корисниците од улиците Гвадалахара и Метохиска, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди кај Џиди Комерц во општина Шуто Оризари.

Во периодот од 12.00 до 14.00 часот прекин во снабдувањето со струја ќе имаат и дел од корисниците од улицата Тодор Александров во општина Центар.

Слично

Поврзани вести