Економија, финансии, бизнис

Контакт

Утковски: Затворот „Скопје“ не е мексикански картел, може да ја гарантира безбедноста и на Груби

Утковски: Затворот „Скопје“ не е мексикански картел, може да ја гарантира безбедноста и на Груби

Затворот „Скопје“ во Шуто Оризари не е мексикански картел, може да ја гарантира безбедноста на секој штитеник, па дури и на поранешниот вицепремиер Артан Груби, вели директорот на Истражниот затвор, Бобан Утковски.

Груби вчера заврши во куќен притвор со образложение од Обвинителството дека МВР и АНБ процениле дека нема да е безбеден во притворот во Шутка.

„Безбедноста овде е на прво место. Од мене не е побарано писмено да се произнесам за безбедноста на лицето Артан Груби. За МВР и АНБ не знам. За мене сето ова е произволно. Нека дојде кој сака и да каже кои параметри не ги задоволува затворот „Скопје“. Кои се тие безбедносни критериуми што ние не ги исполнуваме“,  вели Утковски за „Слободен печат“.

Обвинителството денеска соопшти дека дале предлог за куќен притвор на Груби, бидејќи МВР и АНБ процениле дека не бил безбеден.

фото принтскрин јутјуб

Слично

Поврзани вести