Економија, финансии, бизнис

Контакт

Усвоени измени на Изборниот законик - изборот на ДИК ќе биде деблокиран

Усвоени измени на Изборниот законик - изборот на ДИК ќе биде деблокиран

Собранието на Република Македонија денеска со 62 гласa  – за, без ниту еден против и без воздржани, го усвои предлогот законот за измени и дополнувања во Изборниот законик.

Со него се предвидува гласањето за претседател, потпретседател и членови на ДИК да се бираат со просто (61 пратеник), наместо како досега со дво-третинско (81 пратеник) мнозинство.

Спикерот Талат Џафери, вели дека партиите во Парламентот се усогласиле и предложиле закон за измени на Изборниот законик за деблокирање на процесот за избор на ДИК, без која не може да функционира ниту една институција.

„Владата нема да дозволи опозицијата да ги направи граѓаните заложници на партиски интереси“- изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. 

Според пратеничкаат Фросина Ременски, премногу е сериозен предизвикот за иднината на граѓаните и државата, за формирањето на ДИК да биде предмет на пазар за бегање од одговорност.

Слично

Поврзани вести