Усвоена е преговарачката рамка за Македонија
Усвоена е преговарачката рамка за Македонија.
На првиот ден од почетокот на германското претседателство со Советот на ЕУ, Европската комисија ја усвои предлог – преговарачката рамка за Македонија.
Тоа значи дека нацрт-документот според кој ќе се водат преговорите за членство со Македонија се наоѓа кај земјите-членки на ЕУ, кои ќе треба да ја одобрат финалната верзија.
Документот веќе идната недела ќе се разгледува во Брисел на експертско ниво меѓу земјите-членки.
Преговарачките рамки ги утврдуваат насоките и принципите за пристапните преговори со секоја земја-кандидат.
Предлогот што го изготви тимот на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, се темели на новата методологија за пристапување.
Документот е во рацете на земјите членки, изјави попладнево министерот за надворешни работи Никола Дмитров.
Тој вели и дека во тој момент, започнува конкретното одвивање на пристапниот процес преку завршување на скрининг процесот и отворање на првиот кластер наречен – основни вредности кој ги третира клучните реформски области од поглавјето 23.
