Економија, финансии, бизнис

Контакт

УСВОЕН ЧЕТВРТИОТ ИЗВЕШТАЈ НА СЈО: Tимот на Јанева ќе продолжи да отвора нови истраги

УСВОЕН ЧЕТВРТИОТ ИЗВЕШТАЈ НА СЈО: Tимот на  Јанева ќе продолжи да отвора нови истраги

Советот на јавни обвинители денеска го усвои четвртиот шестмесечен Извештај за работата на СЈО.

Претседателот на Советот, Коле Штериев изрази умерен оптимизам, додавајќи дека според последниот извештај има напредок во работата на СЈО.

Без разлика на околностите, тимот на обвинителката Катица Јанева ќе продолжи да отвора нови истраги.

СЈО прифати неколку забелешки во однос на извештајот, но нив не ги објави специјалната обвинителка, Јанева, ниту пак, претседателот на Советот на јавни обвинители. Двата државни органи го решија прашањето за предистражаните постапки и по истекот на мандатот на СЈО, за покренување на нови обвиненија. 

Јанева не одговори дали меѓу 90 предистражни постапки, кои се во тек, се наоѓа и случајот „Монструм“. Претседателот на Советот, Штерјов изјави дека ја поддржува работата на СЈО.

Овој извештај, СЈО ќе го достави и во Собранието. Обвинителката Јанева очекува од пратениците,  да бидат културни, при расправата за извештајот.

Од 15 март до 15 септември СЈО за 19 предмети има поднесено 18 обвиненија против 120 лица за 168 кривични дела. 

Слично

Поврзани вести