Уставните судии денеска ќе пресечат: Дали вонредната состојба е законита
Уставните судии на денешната седница
ќе расправаат дали вонредната состојба поради пандемијата на корона вирусот
која ја продолжи шефот на државата е уставна и законита, а истовремено ќе бидат
разгледани и уредбите кои во текот на изминатите два месеца ги донесуваше
Владата.
Владата, пак, смета дека Уставниот суд треба да ја отфрли иницијативата доставена за оценување на уредбата за прашања поврзани со изборниот процес, и оттаму истакнуваат дека одредбите од оваа уредба се целосно во согласност со Уставот, заради што сметаат дека поднесената иницијатива во целост треба да биде отфрлена како неоснована од страна на Уставниот суд.
Во текстот на уредбата се наведува дека спроведувањето на изборните дејства ќе продолжи од денот на престанокот на вонредната состојба. Со уредбата истовремено се задолжува Државната изборна комисија во рок од еден ден од денот на престанок на вонредната состојба да објави ревидиран роковник за продолжување на изборните дејства.
