Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уставните измени ќе се поништат автоматски ако Грција не ги исполни обврските согласно договорот од Преспа

Уставните измени ќе се поништат автоматски ако Грција не ги исполни обврските согласно договорот од Преспа

Доколку Грција не ги исполни своите обврски тогаш нема да важат измените на Уставот односно нема да стапат на сила и автоматски ќе се поништат. Ова го кажа премиерот Зоран Заев на првата јавна  дебата за четирите нацрт-уставни амандмани во Владата на Република Македонија .

При презентирањето на предлозите и забелешките од страна на експертите од научната јавност и невладиниот сектор од страна на првиот човек на владата беше кажано дека остои отвореност и позитивни размислувања за прифаќање на одредени предлози изнесени на собраниската Комисија и на пленараната седница.

Заев исто така  посочи дека  амандманите нема да станат дел од Уставот доколку Грција не го усвои Договорот од Преспа и Протоколот за зачленување на Македонија во НАТО.

Во текот на денешниот ден ќе се случи втората јавна дискусија за уставните измени а местото на одржување е Универзитетот ФОН.

Според најавеното говорници ќе бидат и ректорот на Универзитетот Нано Ружин и универзитетскиот професор Темелко Ристовски, додека дискусијата ќе ја отвори и воведе деканката на Правниот факултет, Сејдефа Џафче. 

Слично

Поврзани вести