„УСТАВНИТЕ ДОПОЛНУВАЊА-УСВОЕНА ОБВРСКА, ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО ВО ЛЕР“: Величковски со свое видување на извештајот
Ивон Величковски, направи анализа на извештајот од ЕК за Македонија.
„Извештајот на ЕК познат и пред да се објави: Уставните дополнувања - усвоена обврска, владеење на правото "во лер".
Францускиот предлог"Барањето на Скопје, Софија да ја признае дистинкцијата меѓу македонскиот и бугарскиот народ, беше усвоено преку т.н. Француски предлог/компромис.
Тоа ја произведе Преговарачката рамка. И низ неа Брисел (вклучително Софија и Атина) - ги прифати(ја) "црвените линии" на македонскиот народ.
Денес, парадоксално, барајќи исполнување на договореното, Брисел инсистира, а Скопје ја саботира дистинкцијата, на штета на сопствениот народ и нација.
Сепак, станува очигледно:
- по "застарувањето" на кривичните дела со измените Кривичниот законик во 2023,
- по чувањето на новиот Кривичен законик "во фиока" цела 2024 и 2025,
- при постојан флерт на политиката, (право)судството, олигархијата и криминалот,
- при запоставен правен епилог за личната и институционалната одговорност за кочански "Пулс"...
...одложувањето на уставните дополнувања се само вербално оправдување за спречување на:
Проверка и раст на институционалниот капацитет за владеењето на правото - и последично
Поефикасно справување со криминалот и корупцијата - особено онаа од "висок профил"
Нивно транс-гранично истражување и санкционирање
Во преговорите прво поглавје е - владеењето на правото.
Доколку југо-скопската олигархија, нејзините партии и медиуми добиеја гаранции дека со влезот во ЕУ ништо нема да се промени во (право)судството, слободата на претприемништвото и одговорноста кон јавните финансии - Уставот ќе беше дополнет уште во 2023.
Затоа го повторувам повикот до пратениците што се подготвени да бидат опозициски и лојални кон своите гласачи и нацијата: поднесете ги амандманите на Уставот.
"Парламентарната опозиција" како целина - со Извештајот и онака е ставена во ист кош со Владата“, напиша тој.
Слично
