Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе неотповиклива оставка

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе неотповиклива оставка

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе неотповиклива оставка до претседателот на Собранието Африм Гаши, а за тоа се изветени сите пратеници, објави Сдк.мк повикувајќи се на извори во судот.

Според порталот, судијката Дабовиќ-Анастасовска ја поднела оставката од лични причини и се враќа на професорското место на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Сега Уставниот суд, кој според закон треба да брои 9 члена, останува со само 7 судии.

фото Уставен суд

Слично

Поврзани вести