Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уставен суд забрани ГТЦ да се „барокизира“

Уставен суд забрани ГТЦ да се „барокизира“

Градскиот трговски центар, Македонската опера и балет, како и Универзитетската библиотека засега нема да претрпат промена на фасадното уредување во стил кој јавноста веќе долго време го нарекува барок. 

Тоа е благодарение на одлуката на Уставниот суд кој донесе привремена мерка, а е одговор на иницијативата поднесена од архитектката Даница Павловска, за оценување на членот 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање во целост, а особено ставот 2 во делот „посебен интерес“. 

Оваа законска одредба дозволува со урбанистичко- планска документација да се градат објекти кои Владата со одлука ќе ги утврди дека се од посебен интерес.

- Морам да признаам дека многу се израдував на најновата вест од Уставниот суд кој одлучил да поведе постапка по иницијативата и да донесе привремена мерка. Иако работата не е завршена, сепак е позитивен сигнал, вели архитектката Павловска.

Таа појаснува дека со тим правници го оспориле членот 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, односно да не може Владата да одлучува за интервенции во градбата на објекти кои се од посебен интерес. Истакнува дека за такви одлуки е потребна строга стручност, а не политичка замисла.

- Како што и лекарската дијагноза треба да ја постави стручно лице, лекар, така и за овие интервенции треба да решаваат стручни лица, кои секако не се политичарите, истакнува Павловска.

Судиите одлуката за поведување постапка ја донеле со мнозинство број на гласови. Инаку за спас на ГТЦ од трансформација имаше протести на невладини здруженија, како и референдум во општина Центар кој помина неуспешно.

Слично

Поврзани вести