Уставeн суд: Поништувањето на помилувањето на Иванов е законско и уставно
Уставниот суд денеска одлучи дека повлекувањето на помилувањето на поранешниот претседател Ѓпрѓе Иванов е законско и уставно. Со 5 гласа „за“ и три „против“, уставните судии оценија дека помилувањето, кое Иванов го одобри и го повлече, е уставно.
Судијата известувач во овој случај подвлече дека правото на граѓаните да бараат повлекување на помилување не може да биде скратено се додека не сметаат дека можат да ја докажат својата невиност на суд.
Оваа одлука на Уставниот суд значи дека повеќе нема правна пречка да им се суди на обвинетите од поранешното СЈО, бидејќи голем дел од нив се повикуваа токму на фактот дека помилувањето не може да се повлече и не може да се поништи.
Инаку во 2016 година Иванов амнестираше 56 лица кои беа дел од истрагата на СЈО. Сепак, по силните реакции од јавноста и меѓународната заедница, помилувањето беше повлечено, но и покрај ова, дури и денес обвинетиtте пред судот тврдат дека повлеченото помилување нема правна основа, факт што денес беше одбиен од Уставниот суд.
