Уставен суд поништи четири урбанистички планови од центарот на Скопје
Се враќа ДУП-от од 2012 година откако уставен суд ја поништи одлуката на општина Центар за Мал ринг.
Вчера била донесена одлука со која се поништуваат четири урбанистички планови од центарот на Скопје, вклучувајќи го и ДУП „Мал Ринг“.
Токму со тој проект се имплементираше контроверзниот проект „Скопје 2014“.
Како што појаснуваат од Судот, општините не може да поништуваат Детални урбанистички планови, туку да донесуваат ДУП, а доколку сметаат дека не се во ред тогаш може да ги менуваат. Само Уставниот суд може да поништува и укинува ДУП.
Иницијативата беше поднесена од група на граѓани.
Слично
