Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уставен суд ќе одлучува за законитоста на неколку уредби донесени од Владата

Уставен суд ќе одлучува за законитоста на неколку уредби донесени од Владата

Уставниот суд ќе разгледа и ќе одлучи за законитоста на уредбите донесени од Владата за време на вонредната состојба. Станува збор за уредбите за намалувањето на платите на избраните функционери во јавниот сектор.

Тука е и уредба со законска сила за примена на Законот за буџетите за време на вонредна состојба, односно за намалувањето на трошоците од одредени ставки во буџетот заради државна економска помош.

Ќе се разгледа и уредбата со која им се обезбедуваат и платите на поранешните службеници во Специјалното јавно обвинителство, уредбата за работните односи за време на вонредната состојба.

Ќе се одлучува и за уредбата со која им се намалуваат платите на судиите и обвинителите на ниво на минималната за месеците април и мај.

Слично

Поврзани вести