Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уставен суд ќе „крене слушалка“ - Закажанa седницата за прислушувањето преку операторите

Уставен суд ќе „крене слушалка“ - Закажанa седницата за прислушувањето преку операторите

По подолго време Уставниот суд конечно закажа седница на 21 јуни на која ќе се разгледува иницијативата за утврдување на уставноста на законските одредби со кои се овозможува прислушување преку телекомуникациските оператори за потребите на државните служби.

Според членот 175 од Законот за електронски комуникации, на телекомуникациските оператори во земјава им се наложува „да ги обезбедат сите неопходни технички услови за да овозможат следење на комуникациите во нивните мрежи“.

Иницијативата за уставноста на овој член беше поднесена во 2015 година, тогаш кога СДСМ почна да ги објавува прислушуваните материјали.

На седницата на Уставен ќе се расправа и за Одлуката за распуштање на Собранието во 2016 година и Решението за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието, како и член од Колективниот договор на Министерст­вото за внатрешни работи.


Слично

Поврзани вести