Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уставен суд ги избрка новинарите, јавноста не знае зошто Жбогар отиде кај Мурати

Уставен суд ги избрка новинарите, јавноста не знае зошто Жбогар отиде кај Мурати

Уставниот суд претпладнево не им дозволи на новинарите да земат изјави по завршување на средбата помеѓу претседателот на судот, Сали Мурати и амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар. Засега јавноста останува без одговор за тоа која е темата на средбата. 

На претставниците на медиумите им беше речено дека отчет за средбата може да се побара само надвор од зградата, но не и онаму каде што ќе се одржува средбата.

Интересот на јавноста за тоа што ќе се разговара на средбата е со посебно внимание, особено откако Мурати по неговото назначување за претседател на Уставниот суд, досега имаше средби со амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих и со францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние.

Уставниот суд во периодов е актуелен по иницијативата за преиспитување на уставноста на поништувањето на помилувањата од поранешниот претседател Иванов.


Слично

Поврзани вести