УСТАВЕН СЕ ПРОИЗНЕСЕ, ПОСТАПКА НЕМА: Мандатот на градоначалниците може да го продолжи само Собранието
Доколку не се формира Влада до 15 мај, општинските татковци ќе останат без функција.
Уставниот суд денеска одлучи да не поведе постапка за изборите и мандатот на градоначалниците, со образложение дека не е надлежен тој суд да го продолжи мандатот.
Со оваа одлука, всушност Уставен ги одби иницијативите со кои се оспоруваше членот 35 став од Законот за локална самоуправа, како и членот 16 став 1 од изборниот законик.
„Уставниот суд ја цени содржината на одредбите, а не тоа што го нема. И покрај тоа што е неспорно дека постои правна празнина бидејќи не се предвидени механизми што да се прави кога локалните избори не можат да се одржат во законските рокови, одложувањето може да го направи само законодавецот, т.е. Собранието“, го пренесуваат дел од медиумите излагањето на судот.
Со оваа одлука мандатот на градоначалиците и советниците истекува на 15 мај.
