Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уставен „раскрсти“ со крстот во Бутел

Уставен „раскрсти“ со крстот во Бутел

Уставниот суд донесе одлука дека не е надлежен да решава за уставноста на постапката за поставување на крст во општина Бутел која произлезе по иницијативата на Светскиот македонски конгрес, а предизвика меѓуетнички тензии, како и напад врз Тодор Петров. 

– Од содржината на оспорената Одлука произлегува дека во конкретниот случај станува збор за поединечен правен акт со кој на конкретен субјект – Светскиот македонски конгрес се дава согласност за поставување на урбана опрема на локација во Општина Бутел, врз основа на претходно барање на субјектот, односно дека трошоците за поставување и изведување на опремата, ќе бидат на товар на подносителот на барањето, а од содржината на оспореното решение произлегува дека станува збор за технички акт – објавување на оспорената „Одлука во Службен гласник на Општина Бутел“.

Уставните судии гласаа за отфрлање на иницијатива за оценување на струшкиот градоначалник Зијадин Села со што спорот околу поставувањето на крстот ќе падне или на локалната самоуправа или на Управниот суд доколку се јави страна која ќе го оспори.

Имајќи предвид дека во надлежноста на Уставниот суд е оцена на општи прописи кои содржат општи норми на однесување… во конкретниот случај оспорениот акт не ги содржи правните елементи кои го одредуваат прописот како подобен за уставно- судска оцена. Оценивме дека настапени се условите од членот 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд за отфрлање на иницијативата, се вели во Решението на Уставен.



Слично

Поврзани вести