Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уставен проверува дали децата родени во странство се нееднакво третирани

Уставен проверува дали децата родени во странство се нееднакво третирани

Уставниот суд денеска поведе постапка за да провери дали децата родени во странство, чии родители се македонски државјани, се нееднакво третирани со законската одредба што еднократната парична помош за новороденче ја условува со раѓање на територијата на Република Северна Македонија.

Предмет на уставно-судска проверка е член 37 став 1 од Законот за заштита на децата, во делот „родено на територијата на Република Северна Македонија“. Токму оваа формулација отвори сомнеж дека државата прави разлика меѓу деца кои можат да имаат исто државјанство, но различен пристап до право од системот на детска заштита, само поради местото каде што се родени.

Судот ја отвори постапката поради можна повреда на начелото на еднаквост пред Уставот. До конечната одлука, спорниот дел од Законот за заштита на децата останува предмет на уставно-судска оценка.

Слично

Поврзани вести