Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уставен одлучи: Парно нема, но плаќање ќе има

Уставен одлучи: Парно нема, но плаќање ќе има

Откако ја отфрли иницијативата поднесена од Здружението за заштита на човекови права „Но пасаран“, Уставниот суд пресуди, граѓаните кои не користат топлинска енергија и понатаму ќе продолжат да плаќаат за услугата.

Судот ја оценуваше уставноста на членот 66 од правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната комисија за енергетика, во кој се предвидува сите граѓани да плаќаат за парно, па дури и оние кои се имаат исклучено од системот.

Тие соопштија дека по членот 66 решавале и пред четири години и уште тогаш иницијативата била отфрлена.

Инаку, над 12.000 домаќинства кои се исклучени од системот, мора да плаќаат за услугата која не ја користат во зависност од квадратурата во станот, а истите тие и неколку години протестираат пред Реулаторната комисија за енергетика.

Слично

Поврзани вести