Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уставен не го „чепна“ Тарифникот на извршителите

Уставен не го „чепна“ Тарифникот на извршителите

Уставниот суд донесе одлука да не постапи по поведената иницијатива за оценка на уставноста на Тарифникот кој го користат извршителите за остварување на нивните функции, по преставка поднесена од граѓанин на Република Македонија.

„Оспорениот правен акт за кој се вели дека бил без прибавено мислење од Комората на извршители е неосновано од причина што мислењето прибавено од Комората на извршители на Република Македонија е доставено до уставниот суд како доказ. Со ова се утврди дека во фаза на изготвување на оспорениот акт било прибавено мислење од Комората на извршители како што предвидува законот“ – велат од Уставен.

Спорно за лицето кое ја поднело иницијативата бил начинот на кој бил донесен тарифникот. За судот, пак, не се основани наводите дека членовите од законот се противуставни.

Слично

Поврзани вести