Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уставен на 27 месецов ќе има седница, СЈО не е на дневен ред

Уставен на 27 месецов ќе има седница, СЈО не е на дневен ред

Првата седница пo изборите  уставните судиите ќе ја одржат на 27 месецов.

Уставниот суд денеска го објави дневниот ред на својата интернет-страница. Сепак, на дневен ред не е ставен Законот за Специјално јавно обвинителство.

На дневниот ред на седницата на Уставниот суд има вкупно седум точки, меѓу кои се и членови од Законот за средно образование, кои се за екстерното тестирање, како и членови од правилникот за начинот на организирање и спроведување на екстерното проверување на учениците во средните училишта, начинот на формирање и работење на училишната комисија, тајноста на материјалот за екстерно проверување, начинот и постапката на проверување на тестовите од училишната комисија, како и формата и содржината на извештајот.

Повеќе од година дена се чека Уставен да се произнесе за уставоста на СЈО. 

Ова го бараа од опозицијата и од „Шарена револуција“. 

Слично

Поврзани вести