Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уставен ќе расправа за „Северна“ од крајот на неделава

Уставен ќе расправа за „Северна“ од крајот на неделава

Уставниот суд до крајот на неделава ќе започне со расправа за иницијативите поднесени за преиспитување на уставноста на четирите уставни амандмани изгласани од македонското собрание со двотретинско мнозинство минатата година во јануари.

Станува збор за уставните амандмани, 33, 34, 35 и 36, од кои најсуштинската измена беше опфатена во првиот со промена на официјалното државно име во Република Северна Македонија, велат неофицијалните информации на  Слободен печат.

Со амандманот 33 во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во членот 36.

Покрај измената на амндманите, оспорено е и изгласувањето на Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство и на Референдумот. Во сите нив се приговара дека актите изгласани во Собранието, се незаконски и неуставни и не се во интерес на граѓанитe.




Слично

Поврзани вести