„УСТАВЕН Е ОБИЧЕН СЛУГА НА ОЛИГАРХИЈАТА“: Реакција на Апасиев за укинувањето на солидарниот данок
Уставниот суд, на веќе пресудена работа, денес - спротивно на темелните вредности на Уставот - го укина единствениот добар закон донесен од минатата власт, а тоа е ДАНОКОТ НА СОЛИДАРНОСТ (со кој се даночеа екстрапрофитите на најбогатите компании кои не' испокрадоа за време на Ковид кризата)! , објави лидеерот на Левица, Димитар Апасиев.
„Со тоа, Уставниот суд (кој, патем речено, пресуди дека е уставно работниците да работат 72, наместо 40 часа неделно) по којзнае кој пат докажа дека нема никаква правна експертиза и е обичен СЛУГА НА ОЛИГАРХИЈАТА и на богатите, а против концептот на "социјална држава".
p.s. Левица ќе предложи посебен Закон за уставни судии кој ќе воведе прецизно дефинирање на флоскулата "истакнат правник", се вели во неговата реакција објавена на социјалните мрежи.
Слично
