Економија, финансии, бизнис

Контакт

„УСПЕСИТЕ СЕ МОЖНИ КОГА СЕ БОРИМЕ ЗАЕДНО“: Трендафилов вели не се потребни честитки и фала, туку заштита и правда

„УСПЕСИТЕ СЕ МОЖНИ КОГА СЕ БОРИМЕ ЗАЕДНО“: Трендафилов вели не се потребни честитки и фала, туку заштита и правда

Не им се потребни честитки и фала, потребна им е заштита, правда, плати и работнички права!

Ова доцна вечерва го истакна лидерот на Сојузот на Синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов преку социјалните мрежи.
- По повод Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март, сакам да Ви се заблагодарам за вашата пожртвуваност, за вашата посветеност, труд и исклучителен придонес како работнички, синдикалки и како дел од нашето големо синдикално семејство.

Вашиот професионализам и работничка борба во текот на целата година, покажуваат дека успесите се можни кога се бориме заедно.

Нека овој ден биде потсетник на се што сте постигнале и на се што ќе постигнете! - посочи Трендафилов. 

Потоа додаде дека најважната порака што се испраќа е пораката од денешниот марш - нема да не снема.
- Но, најважната порака која го одбележува денешниот ден е ,,Нема да не снема", и затоа на Меѓународниот ден на жената 8 –ми Март, Сојузот на синдикатите на Македонија, во име на сите жени бара поголема институционална поддршка за родова еднаквост и елиминирање на сите форми на родово базирано насилство и дискриминација како основа за сите демократски процеси во државата.

Сојузот на синдикатите на Македонија укажува на значењето на Меѓународниот ден на жената – 8 март кој има за цел да ја подигне свеста за потребата од креирање на општество на родова рамноправност и еднакви можности на мажите и жените како основен предуслов за активно , креативно и продуктивно учество на сите граѓани во градењето и унапредувањето на државата по примерот на европските стандарди и практики - нашиша Трендафилов, а обраќањето го завшри со честитка по повод празникот. 


Слично

Поврзани вести