Успешно организиран прв инвестициски панел за 2024 година од ВФП Фонд Менаџмент
Во амбиентот на сопствените нови простории, ВФП Фонд Менаџмент успешно го организираше својот прв инвестициски панел за 2024 година на кој беа претставени клучните настани од 2023 година, како и очекувањата и прогнозите за 2024 година.
Панелот беше одбележан со дискусија за инфлацијата, ефектите на глобалните економски настани врз заштедите и извонредните резултати на инвестициските фондови управувани од ВФП Фонд Менаџмент.
Говорници на настанот беа Марио Ѓорѓиев, CFA - Претседател на управниот одбор на ВФП Пензиски Друштво, Андријана Поповска - Извршен директор на ВФП Фонд Менаџмент, Драган Наумов - Портфолио Менаџер, и Ивана Ташковска, Раководител на сектор за инвестирање. А свое обраќање имаше и MAG. Rupert Strobl, Главниот извршен Директор на оваа австриска групација, кој го истакна своето задоволство од работењето на ВФП Фонд Менаџмент во Македонија и од перформансите и спроведувањето на инвестициската политика во инвестициските фондови во Македонија.

Клучните моменти вклучуваа детален преглед на годишните приноси на инвестициските фондови, кои покажаа извонредна отпорност и успех во заштитата и оплодувањето на вредноста на инвестираните средства дури и во услови на висока инфлација и глобални економски потреси. Дискусиите исто така се фокусираа на стратегиите за заштеда и инвестирање во контекст на очекуваните економски промени во 2024 година, како и на значењето и безбедноста на Македонските обврзници како атрактивен инвестициски инструмент.
Настанот беше исклучителна прилика за гледачите да се запознаат со најновите трендови и стратегии во инвестирањето, и да ги разберат комплексните влијанија на глобалните настани врз локалните и меѓународни пазари. Со ова, ВФП Фонд Менаџмент ја потврди својата посветеност кон промовирање на транспарентност, иновација и одржлив раст во секторот за инвестирање.
За повеќе информации и увид во деталните дискусии и презентации, ве покануваме да го погледнете целосното видео од настанот:
