УСПЕШНО ГО ПОБЕДИ РАКОТ – ПОЗНАТАТА ВАТЕРПОЛИСТКА СО СОВЕТ:Како да препознаете храна која не е „здрава“.
Поранешната ватерполистка Настасја Недимовиќ, позната како „Канцер инфлуенсер“, отворено проговори за тоа како го преживеала ракот на коскената срцевина. Таа сега на Инстаграм дава совети како да го подобрите вашиот животен стил, но и како да препознаете храна која не е „здрава“.
Кога сме на диета или настинуваме, на „сцената“ настапуваат цитруси кои ни помагаат побрзо да закрепнеме и да ја регулираме телесната тежина. Сепак, корите од цитрус ги рендаме во колачи, често правиме пијалоци за детоксикација или ставаме парче во вода за подобро да се хидрираме, но тоа не е баш среќен избор. Настасја откри помалку познати детали поврзани со ова овошје.
- Сакам да го споделам ова со вас и да ви го привлечам вниманието, а тоа е дека кората од цитрус не е за јадење и не е за човечка употреба. Тоа се гледа на декларации, кои секако не се видливи и со најмали букви пишува „не е за јадење“. Тоа се имазалин и тиабендазол. Станува збор за фунгициди кои се нанесуваат на цитрусот по бербата за да го заштитат плодот од мувла и габи и со тоа да го одложат гниењето. Имазалин е хематоксичен, што значи дека предизвикува оштетување на ДНК, додека тиабендазолот влијае на хормоните - додаде таа со напомена да не се консумира кора од цитрус.
Целиот текст на Женски магазин