УСПЕХ ПО ВТОР ПАТ - преплива од Охрид до Струга и назад за децата со ретки болести
Марко Пејчиноски, 15-годишниот пливач од Охрид, успеа во својот последен подвиг – исплива од Охрид до Струга и назад до родниот град за нешто повеќе од девет часа.
„Марко успешно го заврши пливањето посветено на Децата со ретки болести. Релацијата Охрид-Струга-Охрид ја преплива за 9 часа и 6 минути. Ви благодариме на поддршката“, бше објавено на фејсбук-страницата на Пејчиноски.
Младиот охридски пливач подолго време ѝ е познат на македонската јавност – тој на 28 август 2018 година го преплива Охридското Езеро за девет часа.
Слично
