УСОГЛАСУВАЊЕТО НА БИХАЌКА И БЕЛАТА ПАЛАТА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ ЗАВИСНО ОД СРПСКИОТ СВЕТ Е ПРЕСРЕТНАТО ВО ЕП“: Величковски со остра критика
Напишаното од поранешниот министер за надворешни работи, г. Османи го доживувам како потврда на ставот што го изнесов вчера: дека (накратко) министрите за надворешни и премиерите - Македонци ги воведоа идентитетските прашања во теми кои воопшто не се занимаваа(т) со идентитетот на македонскиот народ:
- во 1990-тите се до Преспанскиот договор, во спорот со Атина и сега
- во нашата актуелна самоблокада кон Брисел низ неспроведувањето на Преговарачката рамка што ја прифативме како држава.
Ова го напиша лидерот на Либерална паритја, Ивон Величковски на социјалните мрежи каде испрати посебна порака поврзана со името на нашата земја.
Тој се осврна со остра критика кон најголемите политички партии во кои членоваат најголем дел од македонските етнички граѓани.
На, некој начин, неговата објава е и одбрана на поранешниот министер за надворешни Бујар Османи, кој деновиве е под напад од Владата, но и други општествени критичари, како еден од главните виновници за уназадување на нашата позиција во преговорите со Европската унија, но и силна критика кон најголемите политички партии во земјава и нивната политика изминативе години.
Истовремено и Величковски направи паралела меѓу најбитното прашања за нашата земја и новонајавениот данок за немажени и неженети.
- патетичните обиди на ВМРО-ДПМНЕ минатиот месец на Османи како Албанец да му се префрла за постигнувањето на самата Преговарачка рамка - јасниот пат за полноправното членство на РСМ во ЕУ, како и
- незаинтересираноста на СДСМ за уставните амандмани и доследност кон евроинтеграциите.
