„Целта на финансирањето на политичките партии е измена која ќе ги направи буквално отпорни на политички влијанија, преку донациите, преку помагања од секаков вид. Треба да се обезбеди поголема независност на партиите. Членарините и донациите и останатите приходи како што се кредитите или други приходи треба да останат. Ги има секаде во светот. Но и ако останат, тоа значи дека политичките партии сè помалку ќе ги употребуваат кога ќе имаат една ваква независност“, рече Заев и додаде дека за ова прашање очекува консензус и од другите политички партии и од граѓаните.
Усогласен законот според кој партиите ќе добиваат исклучиво пари само од буџетот
Законот за финансирање политички партии е усогласен и пратен во Собрание, а предлогот е партиите да се финансираат само со државни пари.
Скептиците за овој метод го поставуваат прашањето дали со него само дополнително ќе се фаворизираат големите партии, бидејжи нема да смее да има анонимни донации.
Измените на овој и на Законот за Влада беа услов што го постави ВМРО-ДПМНЕ пред да се пристапи кон изборот на нов состав на ДИК.
Ове е дел од реформскиот пакет што во март го договорија власта и опозицијата. На вчерашната прес конференција на оваа тема од власта изразија волја за промени, но порачаа дека тоа нема да биде под ултиматум.
Партиите ќе се финансираат од државниот буџет, од каде за оваа намена треба да се издвојат неколку милиони евра, согласно постигнатите изборни резултати. Целта е да се обезбеди независност на партиите, изјави во март премиерот Зоран Заев по средбата по тоа прашање со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Според новиот закон, партиите би се финансирале од буџетот, а не од анонимни донации, што би требало да овозможи поголема транспарентност и контрола.
И невладините организации сметаат дека беше потребна реформа на системот, затоа што, според нив, анонимните донатори ги претвориле изборните кампањи во пералници за црни пари. Според нив, најголем проблем е молкот на органите на прогонот, кои не спровеле ниту една ефикасна истрага за изборен криминал.
