Економија, финансии, бизнис

Контакт

Усмртил пешак кај Катланово и побегнал

Усмртил пешак кај Катланово и побегнал

Возач на локалниот пат од Катланово кон Градманци во скопско прегазил човек и побегнал од местото на настанот, а полицијата трага по него.

Пешакот А.А., инаку 54-годишен,  починал, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

„На 02.01.2023 во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од с.Катланово кон с.Градманци, скопско, патничко возило удрило во А.А.(54) од с.Катланово, по што го напуштило местото“, информира полицијата.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести