Усмртил пешак и избегал, возачот засега непознат
Вчера околу 18 часот на регионалниот пат Велес-Градско, непознато лице управувајќи патничко моторно возило удрило во пешак, го оставило на патот и избегало.
Се работи за 33-годишниот Д.В. од село Аџиматово, велешко, кој откако возачот избегал, возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општа болница Велес, каде починал.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Слично
