УСМРТИЛ ПЕШАК И ИЗБЕГАЛ, педесетгодишен жител на Желино нова жртва во сообраќајот
Педесетгодишен жител на тетовско Желино го загуби животот откако бил удрен од автомобил „бмв“, а возачот избегал од местото на несреќата.
- На 02.06.2022 во 20.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат во тетовско Желино, патничко возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Д.Ф.(42) од ова село, управувано од лице кое го напуштило местото, удрило во пешакот З.С.(50), од истото село. Од здобиените повреди пешакот починал на местото на несреќата. Увид извршиле екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција. Сопственикот на возилото Д.Ф. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово - пишува во соопштението на МВР.
Слично
