Економија, финансии, бизнис

Контакт

УСМРТИ ПЕШАК НА ЛЕНИНОВА: Полицијата го уапси 25 годишниот скопјанец

УСМРТИ ПЕШАК НА ЛЕНИНОВА: Полицијата го уапси 25 годишниот скопјанец

Полицијата соопшти дека го уапсила скопјанецот Ф.Љ. (25) кој пред два дена со мотор усмрти пешак на пешачка патека во Скопје. 

Тој на 1 јули околу 19.30 часот на пешачка патека кај Ленинова, со мотоцикл „кавасаки“ удрил во  68-годишниот Ј.Н. и побегнал.

Ј.Н. подоцна им подлегнал на повредите во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

По идентификацијата и разговорот во полициска станица во СВР Скопје, Ф.Љ. денеска го уапсиле.  Против него полицијата ќе поднесе кривична пријава по брза постапка во координација со јавен обвинител.

Слично

Поврзани вести