Економија, финансии, бизнис

Контакт

Усмртен велосипедист на булевар Гоце Делчев во Скопје, возачот избегал со трчање

Усмртен велосипедист на булевар Гоце Делчев во Скопје, возачот избегал со трчање

На булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје во тешка сообраќајна несреќа усмртен е велосипедист на самото место,а возачот излеголод автомобилот и избегал со трчање.

„Денеска (03.11.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице и велосипедист, кој починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот“ соопшти МВР.

Во тек е увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот. Поради несреќата сообраќајот е пренасочен.

И вчера возач избега од местото на кое прегази 79-годишна жена која заврши во болница со тешки повреди. Полицијата синоќа соопшти дека го фатила возачот кој бегал накај Средно Водно. 


Слично

Поврзани вести