УСЛОВНИ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ: „Жабата“ заработи условна од година и пол, другите од 6 месеци
Девет лица обвинети за насилствата во Собранието на 27 април денеска добија условни казни затвор од 6 месеци, доколку во рок од една година не го повторат делото.
Само Димче Христовски Жабата од Прилеп доби условна казна затвор од година и пол, ако во следните пет години не го повтори делото.
Жабата претходно бил осуден со десетина години затвор поради двојно убиство во Прилеп.
Тој во прес салата му се закануваше и го нападна лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Сите деветмина обвинети на суд ја признаа вината со цел да добијат поблага условна казна.
Претходните денови искази дадоа пратениците кои беа нападнати и тепани.
Слично
