Условна казна за возачот кој усмрти двајца млади битолчани во Охрид
Стефан Мицевски, другар на младите битолчани Иван и Милан, кои лани на 16ти август загинаа во Охрид во сообраќајна несреќа, а трите девојки кои се возеа на задното седиште завршија со последици, информира дека на 20ти Октомври 2021година, Основниот суд во Охрид донел пресуда со која возачот кој возел со двојно поголема брзина е осуден на условна затворска казна од 4 години и треба да плати глоба од околу 3.000 евра.
Иван подлегна на тешките повреди истата таа ноќ, а Милан после едномесечна борба на КАРИЛ исто така подлегна на повредите. Трите девојки, Сташа, Исидора и Деспина се здобија со тешки повреди од кои се опоравуваат до денешен ден.
Иницијативата „Правда за Иван и Милан“ очекува разумна одлука од Апелациониот Суд во Битола.
„Се надевам дека правдата ќе го најде својот пат низ судските лавиринти и овој пример ќе биде последен за кој вака јавно ќе се говори! Барам правда за Иван, Милан, Исидора, Сташа и Деспина! Барам правда за сите кои се нашле во слични ситуации низ животот! Барам правда за во иднина никој да не се најде во ваква ситуација!“, Мицевски.
Несреќата на минатогодишниот 16 август се случи во 1:40 часот изутрина кога дошло до судар на три возила – „Цитроен Ц3" со битолски, „Волксваген Голф" со охридски и „Волксваген Пасат" со прилепски регистерски таблички.
Со „Цитроенот" управувал И.К (27) од Битола, кој со тешки телесни повреди бил префрлен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо" каде им подлегнал на повредите здобиени во несреќата. Во сообраќајката се повредени уште неколку лица, од кои пет лица потешко. Повредените М.С.(27) од Битола и И.М.(23) од Струга се префрлени на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза" во Скопје, додека во Д.Р.(25) од Скопје, Б.Р.(23) од Охрид и уште едно лице од Битола се хоспитализирани во болницата „Свети Еразмо".
Слично
