УСЈЕ ЌЕ СТАНЕ НЕПРЕПОЗНАТЛИВО - еве што се случува со „заборавената“ скопска населба
Усје ќе стане населба без кал, со нови улици, најавува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, вчера по посетата на градежните работи во таа населба.
„Усје, нека е аирлија! Никој повеќе нема да ги дискриминира моите сограѓани усјани, конечно го добиваат она што години наназад им беше ветувано, но за жал нереализирано.
Со силно темпо работиме на сите позиции, дел од улиците добиваат асфалт, дел бекатон. За некој ден Усје ќе биде непрепознатливо, со комплетно нови улици, без кал, со модерен лик и поквалитетен живот во оваа некогаш заборавена населба.
Впрочем, усјани го добиваат она што го заслужуваат!“, напиша на фејсбук Ѓорѓиевски.
Слично
