Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште тројца починаа, 25 новозаразени од кои еден од геронтолошка установа

Уште тројца починаа, 25 новозаразени од кои еден од геронтолошка установа

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти. Во последното деноноќие има 25 нови случаи на Ковид-19 и тројца починати, информира Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Струга кој имал 58 години и пациент од Скопје - 47 години и двајцата долго време поставени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентл од Тетово на 41 години хоспитализиран на 19 мај.

Во последните 24 часа направени се 622 тестирања, а новите случаи се најмногу од Скопје - 14

Досега во земјата се направени вкупно 26463 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 251 тест е во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Кочани, Куманово и Скопје, а регистриран е еден позитивен случај во геронтолошка установа во Скопје. Досега преку скрининг направени се 2680 тестирања на ковид-19, а регистрирани се вкупно три позитивни случаи на вирусот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2039, бројката на оздравени пациенти е 1470, на починати е 119, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 450.


Слично

Поврзани вести