Уште тројца гостиварчани задржани на Инфективна клиника
Уште три лица од гостиварско село се задржани во Клиниката за инфективни болести со висока температура, пролив, повраќање.
Тие имаат полесна клиничка слика исто како и другите 4 лица кои претходно се примени на клиниката.
Во меѓувреме се чекаат резултатите од анализите за утврдување на причината за смртта на двете лица од гостиварското село Симница. Тие се во роднинска врска, а починаа на Клиниката за инфективни болести откако биле донесени во тешка здравствена состојба. Болеста кај нив се пренела од животни.
Слично
