УШТЕ ТРИ ГОДИНИ ЌЕ ЈА ЧЕКАМЕ УНИВЕРЗАЛНА САЛА: Работите ќе оделе многу побрзо, вели министерката за култура
За 3 години Универзалната сала ќе биде целосно реконструирана и фукционална– изјави за Канал 5 министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојевска. Министерството за Култура ги доби ингеренциите за реконструкција на објектот. Договорот за предавање на право на реконструкција веќе е потпишан од градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, а веќе од денес ќе се започне неговото примопредавње.
„Имавме неколку состаноци со експерти и луѓе инволвирани во ваква проблематика така да работите ќе одат навистина многу побрзо да можеме во тој рок што го предвидовме, максимум до три години да биде целосно реконструирана со сите фази и да ја отстапиме назад на град Скопје.“
Костадиновска- Стојчевска вели дека реконструкцијата би започнала веднаш по завршувањето на административните постапки и целосната документација, за кои очекува дека ќе завршат брзо.
„Не би сакала да карикирам со рокови меѓутоа кога ќе ги дозавршиме административните процеси кои што знам дека сега ќе одат побрзо, бидејќи најголемиот чекор е направен ќе бидете известени.“
Универзалната сала неколку години веќе го нагрдува централното граско подрачје. Нејзиното реновирање започна во 2021 година во времето кога градоначалник на Скопје беше Петре Шилегов, но, по доаѓањето на Данела Арсовска на градоначалничкото место, градежните работи беа прекинати.
