Економија, финансии, бизнис

Контакт

УШТЕ СУМ ШОКИРАН ОД СОЛИДАРНОСТА НА КОЛЕГИТЕ - новинарот Саше Димовски се заблагодари за помошта

УШТЕ СУМ ШОКИРАН ОД СОЛИДАРНОСТА НА КОЛЕГИТЕ - новинарот Саше Димовски се заблагодари за помошта

Новинарот Саше Димовски, откако новинарските здруженија ореганизараа акции за донации за обезбедување протеза откако нему му беше ампутирана ногата, се заблагодарува преку фејсбук. 

„Драги пријатели, вчера имав прилично тежок ден, ми ги вадеа конците, бев на емисија на телевизија, се враќав во Велес и тоа се во денот кога почна кампањата за собирање средства. Ми се јавија голем број луѓе, па колеги, пријатели, имам две линии на телефонов, но на многумина не успеав да одговорам на повиците или пораките на Фејсбук. Да им се ИЗВИНАМ на сите кои не ме добиле, односно не сум можел да се јавам. Уште сум шокиран од десетиците споделување на повикот, од објавите на над 50 медиуми, од солидарноста на колегите од ЗНМ, СИНДИКАТОТ, СЕММ, а посебно за неколку луѓе кои најавија донација но побараа да останат анонимни! Искрено, ова е шок, не сум имал вакво искуство никогаш и малку ме исфрли од колосек. Многумина не знаеле што ми се случи, шок било и за нив кога прочитале! Добив поддршка и од колеги кои сум ги хејтал поради разни грешки во работата, ништо лично нели, само професионално! Ме прашуваат за тоа колку средства се собрани вчера, немам инфо уште, зашто се уплаќа од разни банки, треба ден најмалку за извод, НО ЌЕ ВЕ ИНФОРМИРАМ СИТЕ НАЈ ТРАНСПАРЕНТНО. ФАЛА ВИ НА СИТЕ, НЕ ЗНАМ ШТО ДА ВИ КАЖАМ НА СИТЕ!“, пишува Димовски на својот фејсбук профил. 

Слично

Поврзани вести