Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште седум пратеници добија апанажа, а тројца отпремнина

Уште седум пратеници добија апанажа, а тројца отпремнина

Комисијата за прашања на изборите и именувањата на денешната седница во Собранието со само еден глас против го донесе решението за добивање на апанажа на поранешните пратеници Арбен Зибери, Љатифе Шиковска, Енес Ибраим, Снежана Калевска Ванчевска, Бастри Бајрами, Вјолца Адеми и Бедри Фазли.

Претходно апанажа побараа и добија дури 29 пратеници од претходниот парламентарен состав.Доскорешните народни избраници одреден период, не повеќе од една година, ќе ја добиваат истата пратеничка плата додека не се снајдат што понатаму ќе работат. 

Беше прифатено и барањето за остварување на отпремнина при заминување во пензија од поранешните пратеници Коле Чаракчиев, Стојан Миланов и Панчо Минов.

Претходно 29 пратеници побараа и добија одобрена апанажа, од кои 26 ќе го добиваат надоместокот во текот на една календарска година, односно 12 месеци. Една година правото на апанажа ќе го користат Жаклина Лазаревска, Соња Михајловска, Ненад Коциќ, Марија Георгиевска, Санела Шкриељ, Дарко Каевски, Марија Костадинова, Марија Ангелова, Емилија Рамбабова, Љупчо Балковски, Белкиса Зеќири, Даниела Колева, Бајрам Кадрија, Атнан Незири, Лолита Ристова, Диме Велковски, Артина Ќазими, Марија Кочовска, Мухамед Кадриов, Игор Јанушев, Маја Морачанин, Боби Мојскоски, Кастриот Реџепи, Лазе Таневски, Мартин Костовски и Мирче Аџиовски. 

Мирослав Јовановиќ од Српската странка во Македонија ќе прима апанажа само два месеца, односно до стекнување на правото на пензија. До стекнување на правото на пензија во периодот од шест месеци апанажа ќе зема и Абдула Салиу од Алијанса за Албанците, а поранешниот пратеник Ремзи Мехмеди девет месеци. 


Слично

Поврзани вести