Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уште се трага по Весна Николоска од Прилеп, доколку ја видите пријавете

Уште се трага по Весна Николоска од Прилеп, доколку ја видите пријавете

Прилепчани уште трагаат по Весна Николоска(50) која деновиве излегла од својот дом околу 23 часот, и не се вратила. 

Полиција, пожарникари, граѓани ја бараа насекаде, но засега безуспешно. Роднините апелираат за помош. Доколку некој ја види да се јави на телефонските броеви 075 480 598, 076 473 193, 070 565 330. 

Блиските велат дека со сите била во добри односи, и не можат да препостават како исчезна.  Од семејството велат дека таа носи светли долни тренерки и сиво- црна или некоја темна боја јакна. Според последните информации потрагата е проширена и во Кавадарци, Неготино, Градско, Демир Капија и Велес.

Слично

Поврзани вести