Економија, финансии, бизнис

Контакт

УШТЕ СЕ БАРА МЛАДИОТ МИЛЕ ТОДОРОВ: Исчезна во четвртокот откако дал отказ

УШТЕ СЕ БАРА МЛАДИОТ МИЛЕ ТОДОРОВ: Исчезна во четвртокот откако дал отказ

Потрагата по 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино уште трае. Момчето исчезнало во четвртокот.

Тодоров последен пат бил виден во Марена околу 10:30 часот носејќи работничко одело со бело палто и црн елек. Претпоставка е дека пеш тргнал од Кавадарци кон Неготино.


Неговата сестра Марија, која апелира за помош, за Фокус изјави дека станува збор за одговорна личност и млад спортист и дека никогаш во минатото не се случило вакво нешто. Во четвртокот му кажал на газдата на компанијата во која работел дека дава оставка, разговарал смирено, потоа заминал и од тогаш неговото семејство не знае ништо за него. 


Слично

Поврзани вести