Уште нема кривична пријава за таткото тепач на малолетните фудбалери: Ќе заседава и дисциплинската комисија на ФФМ
Министерството за внатрешни работи се уште нема поднесено кривична пријава против четириесет и тригодишниот А.А. од Скопје, родител на фудбалерот од ФК Шкупи, кој вчера на крај на натпреварот со ФК Брегалница нападна двајца фудбалери од штипскиот клуб.
„Известен е обвинител и дадени се насоки за расчистување на настанот. До овој момент не е поднесена кривична пријава“, велат од Обвинителството за Фактор.
МВР вчера соопшти дека родителот тепач на малолетници бил пријавен и дека ќе се поднесе соодветна кривична пријава.
Случајот денеска ќе го расчистува и Фудбалската федерација на Македонија. Од таму за Фактор велат дека денеска ќе падне одлуката, каква постапка ќе биде поведена против ФК Шкупи. Дали ќе има постапка и против фудбалерот, не се знае.
Петнаесетгодишните фудбалери, кај кои се констатирани лесни телесни повреди - едниот скршеници на носот, а другиот повреди на ногата, вчера беа однесени во штипската болница, по што се пуштени на домашно лекување.
Александар Тодески
ПОВРЗАНО:
ЌЕ БИДЕ ПОВЕДЕНА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ПРОТИВ ФК ШКУПИ: ФФМ го осуди инцидентот во ШтипВИДЕО: ДВЕ ДЕЦА СЕ ВО БОЛНИЦА: Инцидент по натпреварот на младинските екипи на Брегалница и Шукпи
