Уште не е целосно исплатена ниту првата рата од кризната мерка за основците и средношколците
Иако повикот беше објавен по средината на декември, уште целосно не е исплатена првата од четирите рати од антикризната мерка од деветтиот пакет на Владата за месечна помош од 1.200, односно 1.800 денари за учениците од основното и средното образование.
Помошта се однесува за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари. Рокот за пријавување е од 18 до 24 декември 2023 година.
Иако поминаа веќе три месеци од повикот, од Министерството за образование и наука велат дека целосно е исплатена само првата рата и тоа целосно кај основците и парцијално кај средношколците. Од таму велат дека исплатата доцни поради тоа што се соочиле со многу грешни внесени податоци кај училиштата.
- Ние податоците ги добиваме од училиштата препратени преку општините, а ние од сега ќе работиме и сабота и недела на решавање на овој пробле, рече Билјана Казанџиска, државниот секретар на МОН, во вестите на ТВ Стар.
Станува збор за помош која четири месеци по ред треба да ја добиваат вкупно 110.000 ученици.
