Уште колку војници има Македонија во Авганистан?
Според најновиот извештај за земјите-учеснички кои партиципираат во мисијата „Решителна поддршка“ во Авганиста, Македонија има само уште 44 војници во истата.
Меѓу 39 држави со воен персонал во азиската земја, Македонија има повеќе војници од 14 од нив, од кои девет членки на НАТО.
Убедливо најброен персонал во „Решителна поддршка“, која пред три години ја замени
мисијата ИСАФ, имаат САД со 8.475 војници од вкупно 15.995.
Грција има само шестмина и во односот на население може слободно да се каже најмалку, бидејќи Луксембург и Исланд со по два униформирани лица се земји кои немаат ниту еден милион жители заедно.
Албанија има 93, Бугарија е застапена со 158, Хрватска испратила во моментов 105-мина, Црна Гора е претставена само од 20-мина, додека кај Словенија евидентирани се само осуммина.
